Во скопската населба Капиштец, две големо дрвја паднаа во непосредна близина на влезот во Основното општинско училиште „Киро Глигоров“.
Според очевидци, инцидентот се случил на главниот влез, патека која ја користат ученици, наставници и вработени во училиштето.
За среќа никој не е повреден.
Дрвјата го попречуваа нормалното одвивање на сообраќајот, бидејќи се наоѓаа на самата улица.






