домаМакедонијаДрастично намалени пчелните приноси

Драстично намалени пчелните приноси

- Advertisement -spot_img

Наместо полни кошници – празни пчеларници. Годинава пчеларите се соочуваат со драматично намалено производство. Според нив, ова е една од најлошите сезони во последните две децении. Причината ја гледаат во климатските промени и нарушените временски услови, кои директно влијаат врз пашата. Пчелните семејства, мора дополнително да се прихрануваат.

„За жал, оваа година можеме да заклучиме дека е најслаба година во последните 20-тина години. „Во некои држави, при такви ситуации, државата донира шеќер за да се стимулираат пчелните семејства да соберат доволно компензациска храна за зимските потреби. Така што секоја донација во форма на шеќер или што било во овој период е добредојдена.“, изјави Наум Трпчески.

Пчеларите бараат помош од државата, велат дека покрај лошата сезона, доцнат и субвенциите за минатата година.

Меѓутоа, имаме и друг проблем – субвенциите за 2025 година сè уште не се исплатени, основната субвенција. Нивната цел е да влијаат стимулативно на развојот на земјоделските стопанства, меѓутоа не може да влијаат развојно кога не се исплаќаат навреме или воопшто не се исплаќаат.

„Многу ни е потребна помош од државата. Особено овие последни години, пошто, еве, гледаме самите – последните пет години веќе целосно климата се нарушува, а пчелите се поврзани најмногу со климатските услови.“, изјави Пеце Деспотоски.

Во охридското Здружение членуваат околу 60 пчелари, а деновиве во Охрид се одржува традиционалниот саем на мед, каде домашните пчелари ги претставуваат своите производи пред охриѓани и туристите.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img