домаХроникаДрама во Чегране: Тројца приведени, двајца со БМВ се обиделе да прегазат...

Драма во Чегране: Тројца приведени, двајца со БМВ се обиделе да прегазат полицајци

- Advertisement -spot_img

Три лица од гостиварското село Чегране биле лишени од слобода во полициска акција, откако кај едно од нив била пронајдена бела прашкаста материја, а други двајца, според полицијата, се обиделе со возило да ги прегазат полициските службеници и им се заканувале по животот.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 12 ноември, во 20:35 часот, бил приведен 26-годишниот Х. С. од Чегране. При преглед на автомобилот „мицубиши“ што го управувал, полицајците пронашле и одзеле бела прашкаста материја.

По добиена судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, каде што повторно била пронајдена истата материја.

Додека полицијата ги спроведувала службените дејствија пред куќата, пристигнале 24-годишниот В. Ч. и 35-годишниот А. Н., двајцата од Чегране, со автомобил „БМВ“. Според МВР, тие се обиделе да ги прегазат полициските службеници, а упатиле и закани по нивниот живот, по што побегнале.

Двајцата набргу биле пронајдени и лишени од слобода.

Од полицијата најавуваат дека по целосното документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img