домаСветДрама на уште еден крузер: Над 100 патници и членови на екипажот...

Драма на уште еден крузер: Над 100 патници и членови на екипажот погодени од опасен вирус

- Advertisement -spot_img

Над 100 луѓе се разболеле од норовирус на крузерот „Карибиан Принсес“, соопшти Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC).

Според податоците, досега симптоми на инфекција наводно биле пријавени кај 102 патници и 13 членови на екипажот. Заразените најчесто се жалеле на стомачни тегоби, вклучувајќи дијареја и повраќање.

Епидемијата е забележана за време на крстарење кое трае од 28 април до 11 мај. Бродот моментално плови низ северозападниот Атлантски Океан кон Порто Плата во Доминиканската Република, а планирано е на 11 мај да пристигне во Порт Канаверал на Флорида. На бродот се наоѓаат вкупно 3.116 патници и 1.131 член на екипажот.

Поради ширењето на вирусот, екипажот ги засилил мерките за хигиена и дезинфекција, ги изолирал заболените патници и членови на екипажот, како и собрал примероци за лабораториски тестирања, наведува CDC.

Од компанијата „Карибиан Принсес“ соопштиле дека помал број патници пријавиле благи гастроинтестинални симптоми за време на патувањето. Исто така навеле дека веднаш биле спроведени дополнителни мерки за чистење и дезинфекција на сите делови од бродот, како и дека по пристигнувањето во Порт Канаверал бродот целосно ќе биде исчистен и дезинфициран пред следното испловување.

Норовирусот е многу заразен вирус кој предизвикува стомачни тегоби и е чест причинител на епидемии на крузери. Според CDC, ова е веќе четврта епидемија на гастроинтестинални инфекции на крузери оваа година.

Потсетуваме, драма се одвива и на крузерот MV Hondius, каде што дошло до избувнување на хантавирус, а тројца патници починале.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img