Женска пресметка се случила во автобус на ЈСП Скопје на подрачјето на Бит Пазар, каде што 44-годишна скопјанка била физички нападната од друго женско лице.
Според информациите од полицискиот билтен, инцидентот бил пријавен во СВР Скопје од страна на жртвата Ј.П. (44), која навела дека нападот се случил на 25 август, околу 17:10 часот додека се возела во градскиот автобус.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека веќе се преземаат мерки за расчистување на случајот и за утврдување на идентитетот на напаѓачката.






