домаМакедонијаДожд и снег наизменично, температурите продолжуваат да паѓаат

Дожд и снег наизменично, температурите продолжуваат да паѓаат

- Advertisement -spot_img

За време на викендот на пониските места се очекуваат слаби локални врнежи од дожд, додека на повисоките места врнежите ќе бидат од снег.

Во понеделник и вторник ќе има преодно стабилизирање на времето, со повеќе суви периоди.

Од среда, пак, повторно се најавуваат врнежи, претежно од снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на утрешниот ден минималните температури ќе се движат во интервал од -2 до 2 степени Целзиусови, додека максималните дневни температури ќе бидат од 2 до 6 степени.

Според прогнозата на УХМР, од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини.

Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img