домаМакедонијаДосега има 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар

Досега има 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар

- Advertisement -spot_img

Речиси 140 лица досега се пријавени за учество во традиционалното спуштање на крстот во Вардар во центарот на Скопје на 19 јануари на Богојавление – Водици, информира денеска за МИА отец Благоја од храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје.

„Оние што се во ред со здравјето може да учествуваат на манифестацијата Водици. Има голем интерес и досега се пријавени речиси 140 граѓани. Вечерва до 19-20 часот ќе се земе списокот и ќе се види точниот број. Малолетници може да учествуваат со дозвола од родител и со потврда од спортска медицина и ќе треба да присуствуваат со родител.

Потребни се лична карта и потврда од спортска медицина, заверка на картоните на самиот ден – 19 јануари. В понеделник во 7:30 часот секој што е запишан и има добиено картонче за учесник да дојде зад храмот ‘Рождество на Пресвета Богородица’, каде што ќе се стави печат на картоните и само така ќе бидат пропуштени од МВР покрај реката Вардар за да учествуваат во манифестацијата“, рече отец Благоја.

Тој изјави дека некои од учесниците постат и сакаат да се причестат пред спуштањето на светиот крст. Оној што прв ќе стигне до крстот, ќе биде соодветно награден од МПЦ.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img