Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови.
На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 11°C.
Во Скопје, претежно облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 9°C.
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат денеска (над 25 l/m² за 24 часа).
Денеска на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а во некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег.
Од денеска ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.








