По шестдневна пауза, ток-шоуто „Џими Кимел во живо“ денеска повторно ќе се емитува на Еј-Би-Си, соопшти „Дизни“. Емисијата беше суспендирана поради реакции на коментарите на Кимел поврзани со атентатот врз Чарли Кирк и заканите од претседателот на Федералната комисија за комуникации, Брендон Кар.
Од „Дизни“ наведоа дека суспензијата била привремена за да се избегне дополнителна ескалација, но по разговори со водителот, одлучиле да ја продолжат програмата. Одлуката за прекин на шоуто предизвика бројни критики кон „Дизни“ и Еј-Би-Си, а заканите од Кар беа осудени, дури и од сенаторот Тед Круз.






