Снимка на која се гледаат три диви свињи како се движат низ населбата Водно е споделена на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции.
„Диви свињи шетаат во населба Водно, снимено денес околу 19:30 часот на улица ‘Питу Гули’, карши Тинекс“, напиша Гоце Бурзески, кој ги видел дивите животни.
На видеото се забележува како се движат по улицата, во близина на станбени објекти, што повторно го отвори прашањето за појавата на диви животни во урбани средини и безбедноста на граѓаните.
Засега нема информации за пријавена штета или интервенција од надлежните служби.







