Денеска стандардно пред одигрување на ново коло во домашниот ПМФЛ шампионат, заседаваше Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија.
На неа беа донесени одлуки по неколку отворени прашања, кои што произлегоа пак од изминатото 30. коло во ПМФЛ, како и од она одиграното во второлигашката конкуренција.
Па така, дисциплинска постапка се поведува против тимот на ГФК Тиквеш, поради користење и фрлање на пиротехнички средства и поради истакнување на банер со навредлива содржина. Дуелот на кавадарчани против Арсими на домашен терен предизвика многу реакции во јавноста, а резултираше и со оставки и со смена на неколку битни функции во клубот.
Исто така, што се однесува до актуелниот шампион Шкендија и нејзиното гостување во Силекс кај Кратово, одлуките се следни.
Против репрезентативецот Имран Фетаи, е поведена постапка за неспортски однос (кршење на врата од соблекувална) по завршување на натпреварот.
Потоа, против стратегот на Шкендија, Јетон Беќири се поведува дисциплинска постапка поради неспортски однос (вербален напад на полициски службеници од МВР) по завршување на натпревар.
Одлуките од денешната седница на Дисциплинската комисија на ФФМ ви ги пренесуваме во целост:
1. Фудбалерот на ГФК Тиквеш1930 АД Камара Фоде се казнува со забрана за настап на три натпревари
2. Фудбалерот на ФК Струга Трим Лум АД, Меметриза Хамза се казнува со забрана на настап на два натпревари
3. Фудбалерот на ФК Шкендија АД, Фабрис Тамба се казнува со забрана на настап на два натпревари
4. Фудбалерот на ГФК Охрид Лихнидос, Иван Глигоров се казнува со забрана на настап на четири натпревари
5. Фудбалерот на ГФК Охрид Лихнидос, Благоја Спиркоски се казнува со забрана на настап на еден натпревар
6. Фудбалерот на ФК Скопје, Кристијан Николовски се казнува со забрана на настап на четири натпревари
7. Комесарот за безбедност на ФК Победа АД Прилеп, Александар Илијески се казнува со забрана на вршење на функција во траење од еден месец
8. Претставникот на ФК Големо Коњари, Горанчо Касниоски се казнува со забрана на вршење на функција во висина од 1 месец.
9. Против фудбалерот на ФК Шкендија, Имран Фетаи е поведена постапка за неспортски однос (кршење на врата од соблекувална) по завршување на натпревар
10. Против шефот на стручен штаб на ФК Шкендија, Јетон Беќири се поведува дисциплинска постапка поради неспортски однос (вербален напад на полициски службеници од МВР) по завршување на натпревар.
11. Против ГФК Тиквеш е поведена дисциплинска постапка поради користење и фрлање на пиротехнички средства и поради истакнување на банер со навредлива содржина.








