Денес беше одржана средба со жителите од селото Табановце. Кандидатот за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, истакна дека луѓето се најголемата вредност на градот и дека гласот на граѓаните е неговата главна мотивација.
„Најголемата сила на Куманово се неговите луѓе. Гласот на народот е нашата мотивација! ЗНАМ и КУМАНОВО ЗНАЕ – со број 2 победуваат граѓаните. Нудиме дела, визија и континуитет за Куманово,“ порача Димитриевски.
Средбата мина со силна поддршка од активисти и жители кои очекуваат развој, конкретни проекти и институционална стабилност.









