3.8 C
Skopje
22 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаДимитриеска-Кочоска најави 97 милиони евра за важни енергетски инфраструктурни проекти

Димитриеска-Кочоска најави 97 милиони евра за важни енергетски инфраструктурни проекти

- Advertisement -spot_img

Денеска беа потпишани договори за државна гаранција и заеми во вкупна вредност од 97 милиони евра, со кои ќе се реализираат стратешки енергетски проекти што значително ќе ја променат енергетската слика на државата.

Министерството за финансии, преку издавање државна гаранција, овозможи финансирање од 87 милиони евра за проектот „Фотонапонска електроцентрала Битола 3“. Од оваа сума, 50 милиони евра се обезбедени од КфВ, а 37 милиони евра од Европската банка за обнова и развој. Дополнително, обезбедени се и 10 милиони евра за ревитализација на хидроелектраните.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска изрази благодарност до меѓународните финансиски институции за континуираната поддршка, како и до тимот на АД ЕСМ за нивната посветеност во реализацијата на проектите.

Според неа, овие капитални инвестиции ќе придонесат за зајакнување на домашното производство на електрична енергија, ќе обезбедат посигурно и постабилно снабдување и ќе дадат силен поттик за економска стабилност и одржлив развој на државата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img