Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска одржа работен состанок со Џејсон Винички, заменик-директор за буџет и финансиска одговорност во Канцеларијата за техничка помош (OTA) при Трезорот на САД, на кој беа разгледани активности за унапредување на буџетските процеси и јакнење на системот на јавни финансии.

На состанокот беше истакнато дека со поддршка од Трезорот на САД и Канцеларијата за техничка помош (OTA), Министерството за финансии интензивно работи на подобрување на буџетското планирање, извршувањето на буџетот и управувањето со јавните финансии, со цел зголемена транспарентност, ефикасност и отчетност.

Димитриеска-Кочоска нагласи дека соработката со Канцеларијата за техничка помош (OTA) е од суштинско значење за градење модерен и одржлив систем на јавни финансии, кој ќе обезбеди подобро управување со јавните средства и поддршка на економскиот развој на државата.







