-3.2 C
Skopje
3 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаДимитриеска-Кочоска: Дигитализацијата на Царинската управа е клучна за брзо царинење и намалени...

Димитриеска-Кочоска: Дигитализацијата на Царинската управа е клучна за брзо царинење и намалени трошоци

- Advertisement -spot_img

Денеска во Царинската управа беше промовирана новата дигитална алатка – Системот за анализа на ризик и податочен склад, поддржан со грант од Република Кореја во вредност од 4,75 милиони долари.

Како што истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, системот значително ќе ја зајакне заштитата на финансиските интереси на државата, ќе ја подобри безбедноста на стоките кои влегуваат во земјата и ќе овозможи креирање извештаи со податоци од висок квалитет.

Истовремено, новата платформа ќе го олесни процесот на легалната трговија, ќе го скрати времето за царинење и ќе ги намали трошоците за компаниите. Модернизацијата и дигитализацијата на Царинската управа, нагласи министерката, се меѓу клучните приоритети на Владата.

„Како Министерство за финансии, наш приоритет е обезбедување стабилни и одржливи јавни приходи, заштита на домашната економија и зголемување на конкурентноста на нашите компании“, порача Димитриеска-Кочоска.

Таа упати благодарност до корејската Влада за поддршката, како и до директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, за неговата посветеност во унапредувањето на работењето на институцијата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img