8.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред...

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

- Advertisement -spot_img

Државната изборна комисија денеска во рамки на 151. седница расправаше по два приговори за остварување на право на глас, при што во двата случаи утврди дека лицата се запишани во Избирачкиот список и до 19 часот можат да го остварат своето право и донесе одлука за одземање на акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради постапување спротивно на Изборниот законик и на Кодексот за набљудување.

Едниот приговор беше поднесен од лице од општина Центар и како што беше посочено на седницата по проверката на стручната служба утврдено е дека лицето е запишано во Избирачкиот список на избирачкото место 1354 во Општината, поради што приговорот е одбиен.

-Ова лице е запишано во Избирачкиот список на избирачко место 1354 во општина Центар и слободно може да го оствари своето право да гласа, изјави претседателот на ДИК, Борис Кондарко.

Членовите на ДИК расправаа и по приговор, стигнат по електронска пошта од лице од Кичево, кој приговара дека не бил пронајден во уредот за биометриска идентификација. Приговор, освен до ДИК е испратен и до Народниот правобранител и до државното Обвинителство. Кондарко посочи дека по проверката на стручната служба и на ИТ секторот е утврдено дека лицето е запишано во Избирачкиот список и во уредот за биометриска идентификација.

ДИК донесе одлука и за одземање на акредитациите за набљудување на осум лица. Станува збор за домашни наљудувачи во Општина Шуто Оризари, за кои во текот на денот ДИК добила пријава за злоупотреба на беџовите за домашни набљудувачи, односно агитирање во училиште пред гласачки места.

-На овие лица ДИК им издала акредатации за набљудување, согласно доставените податоци до нас и констатиравме дека овие лица го пречекориле Кодексот за набљудување за лица кои треба непристрасно да се однесуваат на гласачките места и вршеле агитирање на гласачките места, изјави Кондарко.

Тој посочи дека ДИК го известило МВР за овој настан, бидејќи тие агитирале надвор од гласачкото место, каде ДИК не е надлежна.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img