Во училиште во Тузла, девојче родено 2011 година со нож повредило две девојчиња на иста возраст, родени 2012 година, потврдија од Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон.
– Денес, 4 септември 2026 година, околу 09:25 часот, Полициската управа Тузла/Полициската станица „Исток“ добија пријава дека од училишниот двор во градот Тузла се слуша врева. Кога полициската патрола пристигна на местото на настанот, беше утврдено дека девојче (родено 2011 г.) со ладно оружје повредило две други девојчиња (родени 2012 г.). Тие со возило на Здравствениот центар Тузла биле пренесени во Универзитетскиот клинички центар (УКЦ) Тузла, каде што им била укажана лекарска помош, а степенот на повредите моментално се утврдува. Според досегашните информации, девојчињата (родени 2012 г.) не се во животна опасност, додека девојчето (родено 2011 г.) што го извршило нападот е под полициски надзор – соопштија од полицијата, пренесува Avaz.ba.
За инцидентот е известен дежурниот обвинител на Кантоналното обвинителство на Тузланскиот кантон, кој ќе ја води истрагата на местото на настанот.






