16-годишно девојче од Скопје кое родителите го пријавиле како исчезнато, е пронајдено во стан во Гостивар, чијшто 19-годишен сопственик е уапсен, соопшти МВР.
„На 30.03.2026 во 02:20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ја пронашле М.Ј.(16) од Скопје во стан на лицето Р.Ш.(19) во Гостивар. Таа претходно беше пријавена дека се оддалечила од домот во Скопје, а по пронаоѓањето е предадена на нејзината мајка, додека Р.Ш. е лишен од слобода“, велат од полицијата.
Како што посочуваат од МВР, против 19 годишникот ќе има понатамошна постапка.








