Триесет и едногодишен охриѓанец е уапсен рано утрово по пријава дека физички ја нападнал својата девојка. Според неофицијални информации, нападот се случил во автомобил, а девојката се здобила со повреди и изгубила свест.
Од СВР Охрид информираат дека полициски службеници во 5:05 часот го лишиле од слобода Х.К. (31) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава за физички напад врз неговата партнерка.
Според неофицијалните информации, девојката по нападот изгубила свест, а кога се освестила, била оставена во близина на маркет со видливи повреди. Потоа била пренесена во болница за укажување медицинска помош.
Од полицијата соопштуваат дека по целосното документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Засега нема официјални информации за тежината на повредите на девојката, ниту за околностите под кои се случил нападот.






