Викендов се играат дуелите од третото коло во Втора фудбалска лига на Македонија. Дербито се игра во Ѓорче Петров каде ќе вкрстат довчерашните прволигаши Македонија ЃП и Пелистер.
Битолчани лошо ја почнаа сезоната и во првите два меча на кои беа домаќини освоија само два бода. За разлика од Пелистер Лавовите од Ѓорче и со подмладен состав освоија четири бода и сигурно и денеска ќе атакуваат на освојување нови бодови.
Во скопската пресметка, Работнички на стадионот во Маџари ќе го пречека Еуромилк. Струмичка Брера е домаќин на Камјани, а Осогово на свој терен ќе го пречека Новаци. Утре се играат три меча, од 16.45 часот се среќаваат Шкупи – Тетекс и Охрид – Кожув, а од 20 часот во вечерен термин во Струмица домашната Беласица го пречекува Детонит.
ДВОЈКИ ЗА 3.КОЛО – ДЕНЕСКА (16.45 ч.)
Струмица: Брера – Камјани
Скопје: Македонија ЃП – Пелистер
Скопје: Работнички – Еуромилк
Кочани: Осогово – Новаци
НЕДЕЛА
Скопје: Шкупи – Тетекс (16.45 ч.)
Охрид: Охрид – Кожув (16.45 ч.)
Струмица: Беласица – Детонит (20 ч.)






