Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, делови од Скопје денеска ќе останат без електрична енергија, информира Регионален центар за управување со кризи – Скопје.
Според информациите, од 08:30 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Саса 2“, како и дел од жителите на улицата „Димо Хаџидимов“ бр. 4 во Општина Кисела Вода, каде прекинот е предвиден од 09:00 до 13:00 часот.
Дополнително, од 08:30 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на улицата „Тодор Александров“ – Комплекс Олимписко Село во Општина Центар.
Прекин на електричната енергија од 09:00 до 14:00 часот е најавен и за дел од корисниците на улицата „Ванчо Мицков“ во Општина Карпош.








