Жителите на неколку скопски населби денеска ќе се соочат со привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија.
Во општина Аеродром, од 08:00 до 15:00 часот без струја ќе останат корисниците на улицата „Тодор Чангов“.
Во општина Гази Баба, прекин во снабдувањето со електрична енергија од 08:30 до 14:30 часот ќе има за дел од корисниците на улицата „Методија Андонов Ченто“, објектите кај ЗПЗ „Напредок“, сендвичарата „Хит“, како и објектите на потегот од местото викано Триангла до надвозникот кон Ченто.
Во општина Карпош, од 09:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе бидат објектите на улицата „Вангел Динуи“, како и дел од непарните броеви на улицата „Франце Прешерн“.
Во општина Ѓорче Петров, планиран прекин од 09:30 до 14:30 часот е најавен за делови од улиците „Браќа Чакреви“ и „Социјалистичка зора“.
Од надлежните апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите активности и потсетуваат дека прекините се поради редовно одржување и унапредување на електродистрибутивната мрежа.






