8.8 C
Skopje
10 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаДел од автобусите кои се вклучија во сообраќај во Скопје набавени непосредно...

Дел од автобусите кои се вклучија во сообраќај во Скопје набавени непосредно пред изборната кампања

- Advertisement -spot_img

Од денеска 55 автобуси од приватните превозници се вклучуваат во јавниот градски сообраќај во Скопје, а до нова година ќе бидат вклучени уште 20 возила, што би требало да го подобри градскиот превоз во главниот град.

Како што најави Јовица Зафировски, претставник на приватните превозници, имаат еколошки автобуси, а се надева дека ќе се смени возниот ред, за автобусите да пристигнуваат на време, како што пишува на таблите. Тој ветува еколошки, чисти и климатизирани автобуси.
Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски на прес-конференција заедно со приватните превозници рече дека покрај постојните, ќе се вклучат и нови автобуси на кои им се дадени лиценци за да се надомести недостатокот од возила во јавниот превоз.

Ѓорѓиевски тврди дека до март следната година, во соработка со Владата и Министерството за транспорт, ќе бидат обезбедени уште 80 нови автобуси.

Новите автобуси беа паркирани на паркингот кај салата „Борис Трајковски“ и речиси половина од нив беа со странски регистарски таблички за извоз односно увезени од Словенија и Австрија како користени возила кои треба да поминат царина, хомологација, технички преглед и фарбање во црвена боја пред да се поднесе барање за лиценца до Град Скопје.

Инаку, според податоците од Царинската управа за увоз на автобуси и минибуси, се чини како превозници да биле подготвени за соработка со наследникот на Данела Арсовска затоа што обновувањето на возниот парк се случува во текот на кампањата за локалните избори.

Во септември 2025 година биле набавени 35 половни и три нови автобуси и минибуси што е највисока бројка на увоз на автобуси за оваа година. Инаку, годинава за само 9 месеци биле набавени 221 половен и 6 нови автобуси. Во 2024 година се набавени 258 половни и 46 нови автобуси и минибуси.

За да се вклучат новите автобуси мора да се донесе одлука на Советот на Град Скопје и потоа врз основа на таа одлука да се распише јавен оглас.

Не може да се зголеми бројот на автобуси затоа што според досегашната одлука која е на сила, нов автобус може да се замени со стар кој мора да излезе од списокот за да влез нов. Автобусот кој го зазема неговото место го презема и системот за електронска наплата, односно валидаторите кои ги обезбедува ЈСП.

Во моментов, според превозниците, долгот кој Град Скопје и ЈСП го имаат кон нив изнесува околу 180 милиони денари.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img