Поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, денес без електрична енергија ќе останат дел од жителите на општина Ѓорче Петров.
Според известувањето од ЕВН Македонија АД, во периодот од 09:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Ѓурчин Кокале“, „Мечкин Камен“, „Македонска Преродба“ и „Борис Сарафов“.








