7.8 C
Skopje
20 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаДебата за Предлог-законот за помилување

Дебата за Предлог-законот за помилување

- Advertisement -spot_img

Научно-стручна расправа по Предлог-законот за помилување ќе се одржи денеска на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Организаторите на расправата, Здружението за кривично право и криминологија на Македонија (ЗКПКМ) и Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, најавија дека на расправата ќе се обратат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за правда Игор Филков, деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје Сашо Георгиевски и претседателката на ЗКПКМ Александра Груевска-Дракулевски.

Здружението посочува дека целта на Предлог-законот за помилување е да воспостави јасна, транспарентна и временски ограничена постапка.

– Една од најзначајните измени во Предлог-законот е дека Претседателот може да даде помилување само за санкцијата, но не и за кривичното гонење на поименично определени лица, односно се укинува аболицијата. Мошне значајни се и решенијата со кои е детално разработена постапката за помилување. Во таа насока, предвидени се кратки рокови за секоја од институциите што се вклучени во постапката за помилување, се вели во најавата.

Од научно-стручната расправа се очекува да произлезат заклучоци што ќе бидат доставени до Министерството за правда во насока на унапредување на текстот на Предлог-законот.

Предлог Законот за помилување е објавен на ЕНЕР на 30 декември 2025 година, а е достапен на страницата https://ener.gov.mk/Default.aspx item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=73885.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img