домаМакедонијаДејан Јованов во сабота излегува од притвор

Дејан Јованов во сабота излегува од притвор

- Advertisement -spot_img

Во сабота, Дејан Јованов Деко, првообвинет за смртта на 63 лица во дискотеката Пулс излегува од притвор.Судот на 3 октомври ќе одлучи какви мерки ќе донесе за обезбедување на неговото присуство на рочиштата.

Неговата одбрата најави дека ќе поднесе гаранција во имот од околу 200.000 евра, за јавноста да биде уверена дека тој нема да избега од Македонија, иако таа не е задолжителна. Законски Јованов најмногу може да седи во притвор до една година, што пак истекува за три дена. Списите за гаранцијата се уште се во Јавното обвинителство на мислење, а без да бидат вратени во Кривичниот суд не може да се одлучи по гаранцијата.

За судскиот процес Пулс досега се одржани 49 рочишта и ниту едно не е одложено, информираа од Кривичниот суд. Изведени се над 1.300 материјални докази и 45 сведоци.Утре судскиот процес продолжува во нова фаза, со изведување докази на одбраната. За таа цел ќе сведочат дури 244 сведоци.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img