WhatsApp, една од најкористените апликации за комуникација во светот, наскоро ќе ја прекине поддршката за постари верзии на оперативниот систем Android. Според извештаите, компанијата во сопственост на Meta планира од 8 септември да ја укине поддршката за уреди со верзии постари од Android 6.
Ова значи дека корисниците со постари телефони би можеле да останат без пристап до апликацијата. Сепак, со оглед дека Google веќе ја има објавено верзијата Android 16, а Android 6 датира од 2015 година, мал е бројот на уреди што ќе бидат погодени.
Според податоците, само околу 0,69 проценти од уредите глобално сè уште користат Android 5.0, што е приближно три милиони телефони. За тие корисници, единствено решение ќе биде надградба на понов уред, особено затоа што старите системи веќе не добиваат безбедносни ажурирања и можеби нема да поддржуваат ни други апликации.








