0.8 C
Skopje
2 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаДали трговците предпразнично ги зголемиле цените?! – Дурмиши: Ако имало девијантно однесување,...

Дали трговците предпразнично ги зголемиле цените?! – Дурмиши: Ако имало девијантно однесување, ќе известиме како ќе постапиме

- Advertisement -spot_img

Владата идната недела ќе разгледува дали трговците предпразнично ги зголемиле цените на храната. Министерот за економија Бесар Дурмиши вели ако имало девијантно однесување од трговците, ќе одлучат како ќе постапат. Владата одлучи да нема празнични потрошувачки кошнички ниту ограничување на маржите како минатите години, бидејќи ефектот бил додека траат кошничките, а потоа цените растеле.

„Ќе ги земеме податоците од овие денови нели крајните денови на месец декември и еве од првите денови на месец јануари и ќе бидете известени и јавноста и вие за, односно во рамки на ова дали има девијантно однесување од трговците или зголемување на цените. Ќе бидете известени како ќе постапиме понатаму ако е така како што велите вие. За ова ќе бидете известени во идната недела“, рече Дурмиши.

Граѓаните пак предпразнично реагираа дека цените растат, и одат до плафон.

АНКЕТА:

„Дали се поскапиле намирниците? Па некои се зголемиле, има и акции и поевтини…“

„Цените се солени, уште посолени, што да правиме со тие пари.“

Дурмиши пред една недела кажа дека податоците покажувале дека цените не биле покачени.

„Ние кога имаше девијантно однесување од страна на трговците, донесовме мерки кои беа краткорочни решенија. Така да, такво нешто до сега, еве и пред два дена и денеска се слушам со директорот од Пазарна инспекција, д о сега немаме информации дека има такво нешто или девијантно однесување или зголемување на цените, поточно на тие производи каде што се употребуваат повеќе на празниците.“, рече Дурмиши.

Иако најголемата надеж за стабилизација на цените минатата година се гледаше во Комисијата за заштита од конкуренцијата која требаше да ги санкционира картелите и договарањето на цените, Владата сега со најава дека со законски измени десеткратно ќе ги зголеми казните особенo за големите маркети и трговците. Ова следува по реакциите во јавноста дека се преслаби казните од по 50.000 евра кои ги изрече КЗК на 4-те маркети за картелското здружување и договарање на цените.

Ристески: Наредна година се надеваме дека ќе има одредени промени посебно во казнената политика на законот.

ТВ21: Зголемување на казните?

Ристески: Да, десеткратно зголемување на казните посебно за големите маркети. Место да имаме казна 20.000 евра, да се движи над 100.000 евра, да биде и 200.000 евра казна. Меѓутоа тоа сепак треба повторно да го разговараме сите и да го договориме на едно ниво кое ќе значи и заштита на стандардот на граѓаните од вакви изигрувања, картелски здружувања.

Во среда пак Државниот завод за статистика треба да ги објави податоците за декемвриската инфлација. За ноември таа беше 4%. Кај трошоците за храна и безалкохолните пијалаци во ноември беше забележан скок од 5,4% во однос на ноември лани. Годишната инфлација пак исто се движи околу 4%. Сепак, Владата проектираше дека 2026 година таа ќе падне, и годината ќе ја завршиме со инфлација од 2,5%.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img