домаМакедонијаД-р Хартмут Лајпнер награден со признанието „Илинден“ за придонес кон македонската заедница...

Д-р Хартмут Лајпнер награден со признанието „Илинден“ за придонес кон македонската заедница во Албанија.

- Advertisement -spot_img

Во рамките на 29. Семинар на Работната група на словенските малцинства во Европа, кој се одржува во организација на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) и Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај ја врачи почесната награда „Илинден“ на д-р Хартмут Лајпнер, претседател на Работната група на словенските малцинства (АГСМ) и потпретседател на ФУЕН.

На свеченоста признанието му беше врачено и на Матиц Гермовшек Жнидаршич, координатор на Работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН.

Почесната награда „Илинден“ за 2026 година е доделена на Работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН како признание за нејзиниот особен придонес во поддршката на македонското национално малцинство во Република Албанија, како и за долгогодишната соработка и поддршка што ја дава на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана.

„Огромна чест ми беше, во име на друштвото и во име на македонското национално малцинство во Република Албанија, лично да му ја врачам почесната награда на почитуваниот д-р Хартмут Лајпнер“, изјави претседателот на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, Никола Ѓурѓај.

Доделувањето на признанието претставува уште една потврда за успешната соработка меѓу Македонското друштво „Илинден“ – Тирана и ФУЕН, како и за поддршката што европските организации ја даваат на македонското национално малцинство во Република Албанија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img