Градоначалникот на Општина Кичево, д-р Александар Јовановски, им се заблагодари на сите граѓани за, како што ја нарече, историската победа и довербата што му ја укажаа на изборите.

„Од срце Ви благодарам за големата победа. Покажавме дека кога сме заедно, можеме многу. Кичево мудро одбра – проекти, развој и заедништво, пред поделби и неработливост“, порача Јовановски.
Тој додаде дека го очекува период на интензивна работа и посветеност кон сите граѓани, без разлика на нивната припадност или определба. „Време е за заедница, време е за живот и соживот. Народот дојде по своето и ќе биде приоритет во мојот мандат,“ нагласи тој.
Јовановски изрази благодарност и до сите кои му испратиле честитки по електронски пат, додавајќи дека не може веднаш да им одговори на сите, но искрено ја цени нивната поддршка и доверба.
Со оваа порака, новиот градоначалник на Кичево го потврди својот став дека мандатот ќе биде воден од принципите на чесност, работа и заедништво во интерес на сите кичевчани.








