Сараевскиот бенд „Црвена јабука“ ќе прослави 40 години постоење со концерт во Охрид на 14 август во Античкиот театар од 20 часот, објави продукцијата „Балкан медиа“.
Бендот е основан во 1985 од вокалот и гитарист Дражен Ричл-Зијо и гитаристот и автор на повеќето хитови на групата Златко Арсланагиќ-Злаја. Групата беше дел од музичкото движење Нов примитивизам во 1980-тите.
Првиот албум насловен „Црвена јабука“ е снимен во 1986. Во тоа време обвивката на плочата и касетата се сметаше за контроверзна поради девојката која позираше со гол задник, а на неа со кармин беше нацртано црвено јаболко.






