6.8 C
Skopje
15 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаЦентрална свеченост по повод Денот на Македонската револуционерна борба во Охрид

Централна свеченост по повод Денот на Македонската револуционерна борба во Охрид

- Advertisement -spot_img

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, вечерва се одржа централната свеченост по повод Денот на Македонската револуционерна борба, кој се одбележува од 2007 година кога беше донесен и изгласан новиот закон за државни празници.

Македонската револуционерна борба е нашето вкоренето чувство за слобода, достоинство и национална припадност. Таа претставува долг процес, исполнет со храброст, жртва и огромна љубов кон татковината. На 23-ти октомври, пред 132 години, група храбри Македонци ја формираа Внатрешната Македонска Револуционерна организација. Тоа беше чин, кој значеше почеток на борбата за нашата национална независност и државност, порача градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков пред присутните.

– Во текот на вековите, Македонците се кревале на востанија и отпори против различни окупатори, борејќи се за својата слобода и идентитет. Таа борба не била лесна, потребна била храброст и голема верба во македонската кауза, дека нашиот народ заслужува свое место под сонцето, со свој јазик, култура и иднина. Охрид, со својата богата традиција и историја, отсекогаш бил дел од револуционерната идеја. Горди сме што нашиот град дал многу херои и е активен учесник во најважните моменти од македонската борба за слобода. Затоа, ние охриѓани овој празник не го славиме само како спомен, го славиме како обврска да продолжиме да бидеме чувари на идеалите на сите оние кои ги положиле своите животи и да градиме општество кое ќе биде праведно, демократско и посветено на младите генерации. Иднината не треба да се чека, иднината треба да се создава, а секој од нас има своја улога, со знаење, со работа и со љубов кон својата родина. Затоа продолжуваме заедно и сплотени кон нови победи и успеси за подобар живот во нашиот Охрид. Нека овој празник не потсетува кои сме, што сме и зошто е важно никогаш да не отстапиме од своите вредности. Револуционерната борба нека биде нашата вечна инспирација за зачувување на нашиот национален идентитет и се што е македонско, истакна Пецаков.

Празникот се одбележува по повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун. На 23-ти октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Основоположниците биле: Д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја Македонски револуционерен комитет. Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор.

Со повеќе активности, и оваа година, Општина Охрид го одбележува 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Во големата општинска сала беше промовирана книгата „Охридски фолклористи“ од проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски.

Утре од 10:00 часот во Градскиот парк ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен-обележјата на охридските револуционери.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img