9.8 C
Skopje
8 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeЕкономијаЦените стагнираат во септември, но годишниот раст изнесува 4,7%

Цените стагнираат во септември, но годишниот раст изнесува 4,7%

- Advertisement -spot_img

Цените на угостителските услуги во септември 2025 година не бележат промени во однос на претходниот месец, објави Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во септември 2025 година во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 4.7 %.

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – септември 2025 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 5.2 %, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 1.9 %.

Цените во угостителството, по групи во септември 2025 година, во однос на август 2025 година, се зголемени кај групата Безалкохолни пијалаци за 0.1 %, додека кај групите Храна, Алкохолни пијалаци и Ноќевања не се забележани промени.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img