-2.2 C
Skopje
13 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаЦените на недвижности се зголемуваат на ниво на целата држава

Цените на недвижности се зголемуваат на ниво на целата држава

- Advertisement -spot_img

Цените на становите во државава продолжуваат да растат.На едни од најатрактивните локации во Скопје и Охрид метар квадратен достигнува и до над 3000 евра.Но она што е најинтересно е дека и покрај ваквите рекордно високи цени интересот за купување недвижнина е голем.

И најновите податоци на Народната банка потврдуваат дека цените на недвижностите продолжуваат да скокаат со вртоглав раст. Во четвртиот квартал од минатата година, цените на становите во Скопје поскапеле за неверојатни 25 проценти на годишно ниво.Статистиката покажува континуиран нагорен тренд во текот на целата измината година, при што третиот квартал исто така бележи раст од 25,1% . Стан од 91 м² во општина Центар е продаден за 280.000 евра или 3.000 евра за м².Во Охрид на некои локации покрај езеро и во центар нова градба достигнува и до 3500 евра.

Од градежните компании велат ваквата ситуација на раст на цените на становите врши притисок врз сите инволвирани страни на пазарот.

Прогнозите се дека оваа година ќе има стабилизација кај цените,но нов раст во иднина не е исклучен.

Иван Пешевски од Синдикатот за градежништво вели дека продолжениот раст на цените ќе има пошироки економски и политички последици, од продлабочување на социјалните разлики, до зголемена миграција.Цените на становите растат но не и платите на градежниците кои работат и по 12 часа дневно потенцира Пешевски.

И експертите порачуваат дека без системски мерки, станбениот пазар ризикува да стане уште еден фактор што ќе ја продлабочува станбената несигурност и сиромаштија за граѓаните.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img