1.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаЦЕНИ НА ЛЕБОТ И БЕЛИТЕ ПЕЦИВА ВО ШТИП ОСТАНУВААТ ПО СТАРИ ЦЕНИ

ЦЕНИ НА ЛЕБОТ И БЕЛИТЕ ПЕЦИВА ВО ШТИП ОСТАНУВААТ ПО СТАРИ ЦЕНИ

- Advertisement -spot_img

Во Штип, цените на лебот и белите печива во локалните пекарници остануваат непроменети, велат сопствениците и пекарите, и покрај зголемените трошоци за одржување на производството и порастот на цените на електричната енергија.


Како што изјави Николче Малинов, сопственик на една од пекарниците во Штип, во моментов нема официјални сигнали дека ќе се зголеми цената на брашното или другите основни репроматеријали кои влијаат на цената на лебните производи. Тој посочи дека зголемената цена на струјата е минимална и дека пекарниците ќе ги пребродат овие трошоци преку други заштеди, со цел да се задржи сегашната цена на производите.


Малинов истакна и дека има доволно количини на брашно, што им овозможува на пекарите да продолжат да ги нудат лебот и белите печива по досегашните цени. Според него, од помош им е и законско уредување што им дозволува да вработуваат пензионери, како и враќање на дел од работниците од странство, што ја олеснува работата во пекарниците.


Во моментов, цени на лебот во Штип се околу 30 денари, во зависност од грамажата и квалитетот, а тие остануваат исти и за белите печива, што е позитивна вест за потрошувачите во услови на зголемени трошоци во прехранбениот сектор.


Останува да се следи дали евентуалните идни пораст на трошоците за суровини и енергенси ќе влијаат на цените на основните прехранбени производи, но засега штипските пекарници ги задржуваат цените на сегашното ниво.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img