Не се очекува покачување на цената на лебот, наредниот период. Моментално во државата векна бел леб се продава по цена од 30 до 35 денари, согласно грамажата. Од пекарите велат дека оваа цена барем до Нова година ќе остане непроменета, како резултат на стабилната цена на брашното.
„Моментално цената на лебот во Македонија се движи од 30 до 35 денари за векна бел леб. Не се очекува покачување на цената на лебот, бидејќи цената на брашното е стабилна и во иднина ќе остане стабилна ако не се случи некоја драматична промена. До крајот на годината не се очекува промена на цената на лебот.“ – вели Малинов.
Од пекарите посочуваат дека млиновите имаат доволни колични на брашно, за овој период со што цената на лебот не е ставена под знак прашалик. Доколку има подрастични промени во тој случај ќе има отстапки од сегашната цена на лебот.
„Млиновите имаат пченица и договори склучени за набавка на пченица по набавна цена“ – додава Малинов.
Претходниот период пораснаа цените на белите пецива за што рреагираа и граѓаните на терен во Штип. Од пекарите посочија дека ова покачување е оправдано.









