9.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаЦеца ни ја сервира Северна со концертен билет за настапот во Велес

Цеца ни ја сервира Северна со концертен билет за настапот во Велес

- Advertisement -spot_img

Крива Паланка овој петок ќе биде домаќин на балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ, заедно со пејачот Мирза Селимовиќ и диџеј Галоски, кои ќе настапат под отворено небо.

Големо внимание во јавноста предизвикуваат концертите на регионалните пејачи во Македонија, организирани под покровителство на локалните самоуправи. Така беше и на 2 август во Охрид, каде што настап имаше Лепа Брена.

Инфлуенсерот Богдан Илиевски – Бетмен, саркастично реагираше на социјалните мрежи во врска со настапите што се најавуваат во чест на празникот Голема Богородица, посочувајќи дека списокот на изведувачи е претежно составен од српски музички имиња.

Дополнителна реакција предизвика и најавата на самата Цеца. Во својата објава на официјалниот фејсбук-профил таа напиша дека ќе пее во „Крива Паланка, Македонија“, додека за настапот во Велес во ноември го наведе „Велес, Северна Македонија“.

Оваа разлика во именувањето на државата отвори нови коментари и полемики на социјалните мрежи.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img