домаМакедонијаЧетворица во трка за наследник на Абази

Четворица во трка за наследник на Абази

- Advertisement -spot_img

4 кандидатури за шеф на ОЈО ГОКК пристигнале во Советот на јавни обивнители, а рокот за приавување завршува викендов. До понедленик ќе се чекаат и кандидатури по пошта потврди за Телма претседателот на Советот, Башким Бесими.

Обивнителката од ОЈО Скопје, Лидија Раичевиќ, обивнителите од ОЈО ГОКК Искра Хаџи Василева и Фатон Азизии, обивнителот од вишото обивнителство Јове Цветаноски за сега се на стартна позиција.

Цветановски неодамна им предложи на апелационите судии да ја потврдат ослободителната пресуда за Груевски во Талир 2. Го врати оживеа и предметот за Мазутот, ја врати назад истрагата во ОЈО ГОКК. Одлуката да биде прекината на истрагата, премиерот ја нараче скандалозна а имаше и критики владеачката ВМРО – ДПМНЕ на сметка на шефот на обивнителството од Абази и предметната обвинителка Коларевиќ.

Цветановски неодамна им предложи на апелационите судии да ја потврдат ослободитлената пресуда за Груевски во Талир 2. Го “оживеа” и предметот за Мазутот за кој ОЈО ГОКК ја затвори истрагата.

Одлуката премиерот ја нараче скандалозна а имаше и критики од владеачката ВМРО ДПМНЕ на сметка на шефот на обивнителството од Абази и предметната обвинителка Коларевиќ

Цветановски повторно работи на предмети откако Советот на јавни обвинители во март годинава му ја укина дисциплинската казната и суспензијата и го врати предметот назад пред дисциплинската комисија на повторно одлучување

Штипското обивнителство му поднесе и обвинение за злоупоуотреба на службената положба со распределба на предметите но и по една година обвиненето се уште не е оценето. Обвинет е заедно со неговиот поранешен шеф Мустафа Хајрулахиу .

Предметот е на реалација напред назад меѓу основен суд Штип и Апелација Штип.

Одбраната барала издвојување на докази основниот суд не прифатил. Следела жалба до повисокиот суд кој одлучил во корист на одбраната и го укинал решението. Основниот суд повторно донел иста одлука, не прифатил издвојување на доказите, па одбраната повторно се жалела во штипска апелација, објаснија од таму за Телма. Претседатлеот на Тони Делев ни рече дека откако го добиле предметот на 20 август го испратиле на мислење во ВЈО Штип и се уште нема одговор.

Цветановски пак вели дека сега дисиплинската комисијата донела ослободителна одлука, не утврдила дисиплинска одоговорност за него. За обивнението вели не е пречка за неговата кандидатура

Обвинението не е во правна сила и не е пречка. Тоа обвинение е правено врз основа на дисиплинскиот предмет и се знае зошто е направено, вели Јован Цветановски, обвинител во ВЈО Скопје.

Раичевиќ беше кандидатка и за државен обвинител. Таа ги водеше предметите за убиството на Пино Секондо, случајот Ровер против Љубе Бошковски Еразмус а сега и за Жан Митрев.

Хаџи Василева пак е актуелна во јавноста по предметот против судијата Ѓоко Ристов а го водеше и предметот Жан Митрев пред да и бидат одземени овластувањето , како и предметот Ориентал.

Азизи е обвинител во предметите Адитив , ФФМ, Ботокс, за екс претседатлеката на ДКСК Татјана Димитровска .

Актуелниот шеф на ОЈО ГОКК Ислам Абази неодамна најави дека нема да се пријави за нов мандат.

28 октомври е денот кога обвинителите ќе можат на непосредни избори да гласаат за нов шеф на обвинителството за гонење организиран криминал.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img