Бугати наскоро би можел повторно да ги смени сопствениците, и тоа во насока што би го направил речиси целосно хрватски. Мате Римац, основач на Rimac Automobili и сегашен извршен директор на Bugatti Rimac, потврди за Bloomberg дека води преговори за купување на уделот на Porsche во заедничката компанија. Ова би го направило Римац единствен сопственик на легендарниот француски бренд.
„Не е тајна дека разговараме“, рече Римац. „Сакам да донесувам долгорочни одлуки и да инвестирам без да морам сè да им објаснувам на педесет луѓе.“ Неговите зборови јасно ја откриваат желбата за поголема автономија и можноста да го водат брендот Бугати во насока што се вклопува во филозофијата на Римац за технолошки напредок и ексклузивен инженеринг.
Компанијата Buggati Rimac е основана во 2021 година како заеднички проект помеѓу групацијата Rimac и Porsche за производство на хиперавтомобили. Според Римац, Porsche претходно се обидел да ја преземе мнозинската контрола. Сега ситуацијата е обратна – Римац сака да купи 45 проценти од акциите на Porsche, а за ова има поддршка од неименувана меѓународна група инвеститори и фондови за приватен капитал, според „Блумберг Адриа“.
Фото: Facebook Mate Rimac






