Илјадници граѓани на Софија, синоќа за прв пат протестираа против новата влада на Румен Радев. Бугарите изразија незадоволство од политиките на актуелната власт, со посебен акцент на предложениот државен буџет и насоката во која, според нив, се движи државата.
Сепак главната причина за прптестите се лоцира во острите критики кон премиерот Радев, поради неговото владеење кое ја оддалечува Бугарија од европскиот пат, а конкретен повод се блокатите на бугарската влада за патектот санкции на ЕУ кон Русија, и кон Рускиот патријарх Кирил
„Радев не е само бугарскиот Орбан. Тој е и бугарскиот Јанукович. Владеењето на ваквите руски агенти води кон војна ако не бидат соборени на време“ порачаа организаторите на протестот, пренесува бугарскиот медиум „Актуелно“.
Организиаторите најавија и нов протест за следната недела.








