HomeМакедонијаБугарија на адвокатот Менкиноски му забрани влез во државата во следните десет...

Бугарија на адвокатот Менкиноски му забрани влез во државата во следните десет години

- Advertisement -spot_img

Адвокатот Тони Менкиноски информираше дека властите во Софија му изрекле забрана за влез во Бугарија во траење од 10 години.

Тој за денеска најави прес-конференција на која ќе ги соопшти сите детали поврзани со оваа одлука, која ја оцени како „скандалозна“ и како притисок врз неговата професионална работа.

„Станува збор за директен напад врз мојата адвокатска дејност и обид за замолчување на мене, како правен застапник на Македонците во Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур“, наведува Менкиноски во поканата испратена до медиумите.

Тој посочи дека на прес-конференцијата ќе ги образложи можните причини за донесената одлука, како и последиците кои, според него, произлегуваат од повредата на правото на слободно движење и вршење на адвокатската професија.

Прес-конференцијата е закажана за денес во 11:30 часот, во неговата адвокатска канцеларија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img