Советот на Општина Битола на денешната седница го усвои Буџетот за 2026 година со поддршка од советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Буџетот, како што беше истакнато, претставува јасна визија за развој на општината, реализација на капитални инвестиции и унапредување на квалитетот на живот за сите граѓани.
Од Општината информираат дека Буџетот е подготвен преку транспарентен процес, со активно учество на граѓаните преку буџетски форуми и јавни дебати, на кои биле дефинирани приоритетите за наредната година.







