1.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаБујар Османи без сопствена визија – го копира Изет Меџити и донесе...

Бујар Османи без сопствена визија – го копира Изет Меџити и донесе архитект од странство

- Advertisement -spot_img

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, уште еднаш покажа дека нема сопствена визија за општината. Само неколку часа по објавата на Изет Меџити, кој во присуство на познатиот урбанист Бајрам Вардар презентираше планови за развој на Чаир, Османи излезе со речиси идентична иницијатива – но со архитект од странство.

Меџити најави соработка со Вардар, кој има долгогодишно искуство во уредување на урбани средини во Истанбул и Бурса, нагласувајќи дека Чаир заслужува решенија со локално знаење и регионално искуство.

Наместо да понуди нешто оригинално, Османи веднаш по тоа организираше прошетка низ Чаир со мексиканскиот архитект Мишел Ројкинд. Притоа, тој се обиде да ја претстави средбата како сопствена визија за „урбана преродба“ на општината.

Османи го следи чекорот на Меџити и повторно се обидува да се претстави како носител на нови идеи, иако очигледно е дека ги копира иницијативите на противкандидатот. коментираат жители на Чаир.

За разлика од тоа, пристапот на Меџити се базира на конкретни решенија и соработка со докажани експерти од регионот, со цел да се донесат одржливи и практични урбани проекти. Од друга страна, Османи се реши за маркетиншки потег со архитект од странство, без да објасни како тоа ќе се преточи во вистински промени за граѓаните на Чаир.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img