Помал пожар избувнал во кујнскиот дел на угостителски објект сместен во Трговскиот центар во Кочани, поради запалено црево поврзано со плинска боца.
Вработените реагирале навремено и со противпожарни апарати го локализирале огнот пред да се прошири.
На местото интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кочани, која ги изнела плинските боци и го обезбедила теренот.








