домаМакедонијаБројот на случаи на сексуално насилство врз деца е зголемен

Бројот на случаи на сексуално насилство врз деца е зголемен

- Advertisement -spot_img

Безбедносните органи минатата година повторно забележаа зголемување на бројот на случаи на сексуално насилство врз деца и адолесценти. Според извештајот на Сојузната криминалистичка служба (БКА), презентиран денеска (21.07) во Берлин, биле регистрирани 17.126 случаи на сексуална злоупотреба на деца (2024: 16.354). Бројот на случаи на сексуално насилство врз адолесценти изнесувал 1.239 (2024: 1.191).

Минатата година Сојузната криминалистичка служба пријави благо намалување. Сепак, истражителите постојано нагласуваат дека нивните бројки прикажуваат само дел од реалноста, бидејќи се претпоставува постоење на голем број непријавени случаи. Наесен треба да започне истражување за непријавените случаи. Со тоа е поврзана надежта дека ќе се подобри расветлувањето на ваквите кривични дела, изјавија сојузниот министер за внатрешни работи Александер Добринт (ЦСУ) и претседателот на БКА, Холгер Минх.

Министерот за внатрешни работи Добринт го потенцира значителниот раст на случаите на ширење материјал со малолетничка порнографија, област во која биле регистрирани 20 проценти повеќе случаи

Злоставувањето се следи преку пренос во живо

Според податоците, особено е забележливо што злоставувањето сè почесто се случува во дигиталниот простор, при што сторителите воспоставуваат контакт со малолетните жртви преку социјални мрежи или гејминг-платформи. Претседателот на БКА, Минх, изјави дека институциите сè повеќе се занимаваат и со таканаречениот „лајвстриминг“. Во тие случаи сторителите преку онлајн-пренос во живо следат злоставување на дете или адолесцент, која најчесто се случува во странство, а притоа дури и даваат инструкции.

Минх ги посочи Филипините како едно од главните жаришта. Во изминатите две години веќе биле откриени вакви случаи, а само за оваа година тој нивниот број го процени на 250. Врз основа на германски истраги, според неговите зборови, биле уапсени три филипински оператори на вакви преноси, а дванаесет малолетници биле ставени под заштита.

Претседателот на БКА, Минх, вели дека институциите сè повеќе се занимаваат со таканаречениот „лајвстриминг

Според статистиката на БКА, бројот на кривични дела поврзани со материјали што прикажуваат сексуална злоупотреба на деца во 2025 година благо се намалил за 2,7 проценти, но бројот на случаи останува висок (41.677). Добринт го истакна значителниот раст на случаите на ширење материјал со малолетничка порнографија. Во оваа област биле регистрирани 20 проценти повеќе случаи, рече тој. Според податоците, минатата година на властите им биле познати 11.515 такви случаи.

Клаус: Поплавата од содржини создадени со ВИ води кон губење на границите

Една од причините за порастот е лесната достапност на вештачката интелигенција, која може да модифицира реални содржини, изјави Добринт. Огромната количина материјали создадени со ВИ претставува сериозен предизвик за истражителите, рече Минх. Станува збор и за таканаречените „дипфејк“ содржини.

Експертите не веруваат дека ваквите материјали, зад кои не мора да стои реално кривично дело, ќе доведат до намалување на бројот на деца и адолесценти кои навистина стануваат жртви. „Не мислам така“, изјави Минх. Владината комесарка за прашања на сексуална злоупотреба, Керстин Клаус, рече дека огромната количина вакви содржини повеќе придонесува за губење на границите и, со тоа, за појава на повеќе сторители и повеќе реални кривични дела.

Според Клаус, постарите адолесценти мора да бидат подобро заштитени

Клаус истакна дека премалку луѓе се свесни за размерите на сексуалното насилство со кое децата и адолесцентите секојдневно се соочуваат, особено во дигиталниот простор. Таа критички гледа на фактот што воспоставувањето сексуални контакти е казниво само кога станува збор за лица до 14 години. Според неа, постарите адолесценти мора да бидат подобро заштитени. Дополнително, таа се заложи уценувањето со голи фотографии или видеоснимки – таканаречената „сексторзија“ – да биде третирано како посебно сексуално кривично дело, пишува Дојче Веле

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img