9.8 C
Skopje
7 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeРегионБрат ја задави сестра си со кеси веднаш по излегувањето од болница

Брат ја задави сестра си со кеси веднаш по излегувањето од болница

- Advertisement -spot_img

Страшно убиство го потресе источен Солун – 50-годишен маж ја задави својата 59-годишна сестра во нејзиниот дом, само неколку минути по тоа што ја однел од болница каде што била хоспитализирана по мозочен удар.

Злосторството се случило во стан на улицата Александрија број 60, во населбата Харилау, околу 15 часот. Според информациите, кратко откако стигнале дома, сестрата му упатила забелешка на братот, што го испровоцирало да ја нападне и да ја задави со кеси.

Самиот сторител веднаш ја повикал полицијата и признал: „Ја убив сестра ми“. Кога службениците пристигнале, ја затекнале жртвата мртва, со кеси завиткани преку главата.

Иако признал дека го извршил убиството, осомничениот одбил да открие мотив и најавил дека ќе сведочи единствено во присуство на адвокат.

Според грчките медиуми, братот и сестрата немале историја на семејно насилство, ниту психијатриски проблеми. Убиената живеела сама, додека братот е оженет, татко на две деца и живее во друга населба.

Настанот предизвика голем шок и неверување кај жителите на Солун.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img