3.8 C
Skopje
22 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаБожиновска за Фактор: Македонија влегува во фаза на вистинска енергетска независност

Божиновска за Фактор: Македонија влегува во фаза на вистинска енергетска независност

- Advertisement -spot_img

Пишува: Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини

Енергетската транзиција одамна не е прашање на избор. Таа е економска, безбедносна и геополитичка нужност. Светот веќе не расправа дали треба да се менува енергетиката, туку како и колку брзо.

Енергетиката денес е пазарна реалност, но и прашање на национална отпорност. Македонија предолго беше набљудувач во тие процеси. Без јасна стратегија. Без долгорочно планирање. Без системска визија.тоа го сменивме.

Со формирањето на посебното Министерство за енергетика и со новиот Закон за енергетика, поставивме јасен институционален и правен темел. Воведовме ред таму каде што со години имаше ад-хок решенија. Започнавме планиран развој наместо реактивно управување.

Енергетската безбедност денес не значи само поседување извор на енергија. Таа значи способност системот да издржи кризи, да се адаптира на шокови и да обезбеди стабилно снабдување во секој момент.

Енергетската независност, исто така, не значи целосно отсуство на увоз. Таа значи увоз по избор – а не по нужност.

Во декември минатата година, согласно законот, го донесовме Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2025 година. Тоа не е формален документ. Тоа е инвестициски и развоен пасош на државата, со вкупна вредност над 1,35 милијарди евра.

Првпат Македонија има јасна мапа каде оди енергетскиот сектор.

Планот опфаќа 481 проект кои се веќе реализирани или во завршна фаза. Нашиот пристап е јасен: секој мегават мора да биде функционален дел од системот. Не бројка на хартија. Не политичка декларација.

Затоа паралелно со изградбата на капацитети, ја зајакнуваме и мрежата што таа енергија треба да ја пренесе.

Доминираат фотонапонските централи. Го користиме сонцето – нашиот најголем природен ресурс. Но овојпат тоа го правиме контролирано, плански и со дигитализирани постапки за приклучување.

Целиот текст може да го прочитате на Фактор.мк

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img