Денеска, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари значајна средба со Рита Колумбија, постојана координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија. Во фокусот на разговорот беа клучните теми за иднината на чистата енергија, енергетската ефикасност и заштитата на најранливите категории граѓани.

ООН ја потврди својата посветеност кон претстојниот форум “14‑ИФЕСД”, кој ќе се одржи во Скопје оваа есен (во октомври), и за кој се очекува да привлече висококвалификувани експерти и говорници од регионално и меѓународно ниво.

Во рамките на средбата, министерката ја посочи важноста на зелените финансиски инструменти, одржливите обврзници (green bonds) и формирањето на енергетски заедници како клучни стратегии за изградба на енергетски систем кој е праведен, отпорен и достапен за сите граѓани .
„Македонија знае да постави високи стандарди. Со силни партнери како ООН – сигурна сум дека ќе го направиме тоа,“ нагласи Божиновска, што ја отсликува нејзината уверливост во заедничката мисија за создавање пофер енергетска иднина .









