1.8 C
Skopje
2 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаБожиновска: Раскинати 45 концесии во рударството поради прекршување на законите и еколошките...

Божиновска: Раскинати 45 концесии во рударството поради прекршување на законите и еколошките стандарди

- Advertisement -spot_img

Министерката за енергетика, Сања Божиновска, објави дека над 45 концесиски договори во рударскиот сектор се веќе раскинати — 34 од нив еднострано, а 11 договори не биле продолжени по истекот.

На денешниот брифинг со новинари, Божиновска посочи дека причините за овие раскинувања се сериозни: нарушување на законските обврски и еколошки стандарди, неплаќање концесиски надоместоци, пренесување на договори без одобрение и експлоатација надвор од дозволените граници.

Од почетокот на годината па до 1 октомври се спроведени 170 вонредни и 78 редовни инспекциски надзори, нагласи министерката, додавајќи дека ќе се воведат и многу построги критериуми за издавање и следење на нови концесии.

„Сите концесии ќе бидат јавно објавени“, рече Божиновска, наведувајќи дека транспарентноста и отчетноста ќе бидат основа на новата политика.

Таа исто така откри дека Државниот инспекторат за енергетика и рударство работи со околу 14 инспектори, но недостасуваат уште толку за ефективен надзор.

Со овие потези, Владата покажа дека нема да толерира нарушување во рударскиот сектор – приоритет ќе бидат законитост, заштита на животната средина и одговорно користење на природните ресурси.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img