HomeМакедонијаБожиновска: Отворена новата трафостаница „Централна“ во Скопје: 22 милиони евра инвестиција за...

Божиновска: Отворена новата трафостаница „Централна“ во Скопје: 22 милиони евра инвестиција за стабилен енергетски систем

- Advertisement -spot_img

Министерката за енергетика Сања Божиновска денес присуствуваше на свеченото отворање на новата 100/35 kV трафостаница „Централна“ во Скопје, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.


Станува збор за значајна инвестиција на EVN Македонија вредна 22 милиони евра, со која се очекува да се зајакне стабилноста и отпорноста на електроенергетската мрежа во главниот град.


Како што истакна Божиновска, Скопје бележи динамичен урбан развој, што наметнува потреба од модерна и сигурна енергетска инфраструктура. Новата трафостаница „Централна“ има клучна улога во надминување на постојните тесни грла во системот и обезбедување стабилно снабдување со електрична енергија.


„Оваа инвестиција создава предуслови не само за сигурност во снабдувањето, туку и за понатамошен урбан развој и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните“, нагласи министерката.


Проектот е резултат на координирана соработка помеѓу државните институции, енергетските компании и стручната јавност, со цел изградба на современ и отпорен енергетски систем.


Од Министерството за енергетика потенцираат дека модернизацијата на критичната инфраструктура, јакнењето на сигурноста во снабдувањето и прилагодувањето на новите технологии остануваат врвен приоритет, особено во услови на забрзан урбан раст.


Со новата трафостаница, Скопје добива посигурна и поефикасна енергетска мрежа, подготвена да одговори на идните потреби на градот и неговите жители.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img